Еден од членовите на групата „Пикник“, која вчера настапувала во салата „Крокус“ во Москва кога се случи страотниот терористички напад, успеал да ја избегне трагедијата влегувајќи во скриените соби.
Според руските медиуми, станува збор за шефот на продукцијата, кој успеал да се скрие во соблекувалната, а потоа да ја напушти зградата низ подрумот.
За потсетување, покрај пукањето во концертната сала, имаше и огромен пожар предизвикан од терористи.
Уапсени се повеќе од десет лица осомничени дека се вмешани во нападот, како и четворица сторители.