Хрватската полицијата вчера морала да реагира во Копривница, Хрватска бидејќи пет жени се истепале на улица.
Како што информира портпаролката на полиција Дијана Жагар за “Подравина“, од едната страна биле три девојки на возраст од 19,17 и 16 години а од другата, 26-годишна и 45-годишна жена. Имал корнење за коса и каменување од двете страни и целата тепачка бил проследена со викотници.
Единствено медицинска помош побарала најстарата, 45-годишната жена, која имала лесни телесни повреди.
Против борбената “петорка“ ќе биде поднесена кривична пријава.