Министерот за здравство, Беким Сали на денешната прес-конференција во врска со случаите од болница „Жан Митрев” рече декa за три години се спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори.
“За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници. Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти. Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните”, рече Сали.
Тој информира дека Министерството за здравство останува отворено за соработка за сите институции, на барање на Основното јавно обвинителство.
-Ќе се изврши надзор и ќе се укаже дали и кога се извршени хемофилтрациите. Ние како Министерство се уште не знаеме. Во делот на хемофилтрација како метода, тоа веќе постои и се користи. КАРИЛ исто ја користи како метода. Тоа не е ново, прашањето е дали и кога се користело кај „Жан Митрев“. Стручно тело треба да истражи и види кога се користела и дали таа метода е ризична по пациентите, дали била причина за компликација на состојбата кај пациентите во „Жан Митрев“ , појасни министерот Сали.