На Интернет се појави видео во кое се гледа тепачка во еден од супермаркетите на “Лидл“ во италијанскиот град Касалпустерленг, кој е еден од 10-те града во Ломбардија кои се ставани под карантин поради коронавирусот.
Во видеото се гледа како двајца купувачи се тепаат, додека еден од вработените трча да ја спречи тепачката.
Инаку, откако италијанската полиција воведе двонеделен карантин за да ја спречи епидемијата на коронавирус која се шири по цела Европа, во неколкуте продавници кои се отворени за брзо време рафтовите останале речиси празни. Иако секој ден имало дотур на нови производи, и натаму во продавниците нема тестенини, конзервирана храна и флаширана вода.