На инфективната клиника има еден медицински техничар кој е заболен од корон вирусот, а направена е анализа и на членовите од неговото семејство. Се разговара и со сопругата дали имало други приватни контакти. Засега се чекаат резултатите од анкетата со кого бил тој во контакт.
„За жал имаме и двајца починати. Едниот е на 68-годишна возраст со тешка форма и претходни болести, кој бил на лекување од 29 март. Другиот е 70-годишен жител на Куманово, со тешка форма на воспаление на белите дробови. Тој од кумановската болница бил пренесен на Клиниката за пулмоголија, па од таму на инфективната клиника“, додаде Филипче.
„Во кумановската болница имаме 11 потврдени случаи, позитивни на коронавирусот. Оваа бројка ја компромитира работата на инфективното одделение. Од денеска има упатени двајца доктори од Скопје и од Штип, кои ќе ја организираат работата на одделението во Куманово“ вели министерот.