Северина Којиќ, Нина Бадриќ и Јелена Розга освен што ги поврзува тоа што се успешни на музичката сцена, заедничко на сите три им е што се мераклики за станови кои ги имаат ширум Хрватска.
Розга има два стана во Сплит и тоа во најатрактивниот дел од градот. И двата апартмани се по цена од 2.000 евра по квадрат. Во 2016 година таа сакала да купи стан и во Загреб со тогашниот вереник Стјепан Хусар од “Ту челос“, но љубовта пукнала и останала само идејата.
Што се однесува до Северина, таа пред две години купила два луксузни стана на врвот на една зграда во елитен загрепски кварт. Таа на врвот на зградата има на располагање цел спрат, а од погледот на комшиите се криела со ролетни со кои ги заградила двата балкона. Наводно, Северина таму се криела и кога излегоа нејзините голи фотографии.
Освен во Загреб, “Севе“ има уште еден стан, во еден елитен кварт во Сплит.
https://www.instagram.com/p/B4u8yDyBjhS/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Нина Бадриќ има стан во Загреб кој го купила во времето кога била во голема љубов со нејзиниот поранешен сопруг Барнард Томиќ. Исто така Нина има и голема викендица во далматинското летовалиште Јелса.
https://www.instagram.com/p/B42j6MZFUp2/?utm_source=ig_web_button_share_sheet