Вијаграта може да помогне во лекувањето на КОВИД-19. Оваа вест ја соопшти д-р Марк Сигел на телевизија FOX во емисијата на Такер Карлсон.
Д-р Сигел објави дека 37-годишната пациентка Моника Алмеида излегла од кома по 28 дена. Ова се случило само 72 часа пред лекарите да планираат да и го запрат апаратот за дишење.
Моника излегла од кома откако и дале големи количини вијагра, пишува весникот „Стандард“.
Пред месец и половина беше објавено истражување кое покажа дека лекот за потенција помага и во борбата против Алцхајмеровата болест.
„Излегува дека вијаграта им помага на белите дробови да работат, ги активира и го намалува бројот на вирусите. Ова се должи на супстанцијата натриум оксид“, објасни д-р Зигел.
Студија од Чиле претходно објави слични резултати во научното списание Critical Care. Според чилеанските лекари, вијаграта го помага целокупното функционирање на белите дробови, па дури и се бори против висинската болест.
„Студиите во Јапонија, Кина и скандинавските земји, исто така, покажаа дека натриум оксидот помага во обновувањето на функцијата на белите дробови и драстично го намалува бројот на вируси КОВИД во нив“, додаде д-р Сигел.