Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Од средишната шахта на булевар „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи.

„Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина“, објави Ѓорѓиевски.
Земени се проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице.

