Првата дама на САД, Меланија Трамп ја пречека големата елка која ќе ја краси сината соба,а со тоа започнаа и подготовките на новогодишните и божиќните празници.
„Специјална пратка! Белата куќа ѝ посакува добредојде на елката за 2019 година“, напиша на Фејсбук Меланија.
Елката висока 5,6 метри, кое било одгледано од семејството Снајдер во Питман, Пенсилванија, на кочија пристигна во Белата куќа и ќе биде поставено во таканаречената сина соба.
Како што пишува Фокс њуз, во сината соба неопходно било да се извади еден лустер за да да ја собере високата елка.