Државниот обвинител Љубомир Јовески денеска кажа дека до овој момент не се обезбедени снимките од безбедносните камери во врска со бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија.
„Има неколку образложенија од албанската страна, едно од тие е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува. Системот работел автоматски“рече Јовески.
Тој додаде дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека Обвинителството направило се по процедура, но резултатот е тој.
Груевски се претпоставува дека побегнал од Македонија вечерта на 8 ноември кога влегол во Албанија најверојатно преку илегални премини. На 11 ноември, ја напуштил со автомобил на унгарската амбасада и со својот пасош ја преминал границата со Црна Гора на преминот Хани-Хоти. Од Црна Гора, исто така со помош на унгарски дипломати преку Србија стигна до Будеимпешта каде што доби и азил.