Поранешната американска мисица Зои Созо Бетел загина во трагична несреќа. Мис на Алабама во саботата починала откако паднала од балкон од трети кат. Таа имаше само 28 години.
Кога била пренесена во болница таа била во критична состојба. Вештаците потврдиле дека причината за смртта бил силниот удар во главата, пренесе ENews.
Портпаролот на полициската управа во Мајами потврди дека причината за смртта бил несреќен лучај, а не прекршок. Нејзиното семејство рече дека Зои се здобила со тешка повреда на мозокот и дека била во кома. На 16 февруари рекоа дека состојбата била премногу критична за да може да се направи било што за да се спаси и дека ситуацијата била премногу трауматична за нив.
Тие се простија од неа на социјалните мрежи.
„Зои допре до срцата на многу луѓе и беше активно поврзана со повеќе организации и групи. Таа беше актуелна мис на Алабама и политички коментатор за RSBN“, напишаа и побараа приватност во овие тешки моменти за нив.