Пејачката Ријана комплетно му се посвети на својот моден бренд, од кој има милионска заработка, но и комплетно нов изглед.
Имено, иако има добиено повеќе од десетина килограми, Ријана гордо ги покажува своите облини за рекламирање на нејзиниот бренд за долна облека, а стотиците илјади комплименти што фановите ги ипраќаат секој ден, сведочат дека пејачката изгледа одлично.
Таа овој пат позираше во секси розов комплет на долна облека, кој на вистински начин ги откри нејзините бујни гради, стомак и задник.