Пејачката Лејди Гага и нејзиното момче Мајкл Полански “уловени“ се од папараците како шетаат низ Холивуд со маски на лицето и сите приметија дека таа се здебелила за време на изолацијата. Особено во прв план беше нејзиниот стомак кој претекуваше.
Пејачката носела црни проѕирни хеланки, црн градник, како и розов ранец на грбот. Сосема е различно од изданието што го видовме на почетокот на годината кога имаше розова коса. Бојата е целосно симната и сега е повторно русокоса, но со црн неисфарбан корен.
Двојката се прошетала држејќи се раце и очигледно била дека Лејди Гага ставила некое кило повеќе.
Инаку, Лејди Гага во петокот го издаде својот шести албум , дури 12 години по нејзиниот деби албум „Fame“ што ја направи популарна.