Вакцината против коронавирусот, развиена од римската биотехнолошка компанија „Реи тера“ е безбедна, изјави научниот директор на болницата за заразни болести, Спаланзани Џузепе Иполито.
Ова го рече на презентацијата на резултатите од првата фаза на вакцината GRAd-CoV2 и посочи дека досега вакцината е тестирана на 100 лица и дека 45 од нив биле вакцинирани со различни дози и дека ниту еден немал негативни ефекти или нуспојави по вакцинацијата, пренесува Анса.
Како што се наведува, тоа е подобар резултат во споредба со вакцините на компаниите „Модерна“ и „Фајзер“, кои имале несакани ефекти.
„Врвот на производство на антитела останува константен четири недели и се прима една доза на вакцина“, рече Иполито и додаде дека вакцината создава антитела кон вирусот во 92,5 проценти од случаите.
Претседателката на компанијата „Реи тера“, Антонела Фолгоре, рече дека компанијата планира да произведува 100 милиони вакцини годишно, и дека вакцината е стабилна на температури од два до осум степени.