Словенечкиот ракометар Александар Шпенде, кој до пред две години беше дел од екипата на Металург и беше најефикасниот играч на тимот од Автокоманда, стана македонски зет.
Уште додека Александар беше во Металург се запозна со колешка од женската екипа на Металург, Марија Гајиќ, па набрзо дружбата премина во љубов. Медиумите често коментираа дека тие се совршен пар.
Овој пат медиумите за бракот дознаа од социјалните мрежи, бидејќи и двајцата убавата вест ја споделија на Фејсбук, со што и официјално се зголеми бројот на македонски зетовци ракометари.
Инаку, Шпенде си замина од Металург после само една сезона. Од јануари тој го носи дресот на екипата на Базел.