Шантел Џефрис е позната како поранешна девојка на Џастин Бибер, но и девојка која немала среќа да се венча за него.
Од тој момент ја следи лоша среќа кога станува збор за мажите.
Шантел Џефрис има 31 година и слободна е како птица на гранка. Иако се смета за најзгодната жена на Инстаграм, сепак не постои потенцијален маж којшто би се венчал со неа. Откако нејзината врска со Џастин Бибер не успеала, како да ја следи лоша среќа, па на крајот секогаш останува сама.

Шантел дипломирала комуникологија и ликовна уметност, одредено време се обидувала да се пробие како актерка, но најголема популарност добила кога јавно признала дека ги намалила и подигнала градите.
Неколку пати била забележана во присуство на Џастин Бибер, но негирала дека со него е во врска.
Имено, Шантел била со Бибер кога полицијата го фатила како вози во алкохолизирана состојба, а додека го апселе таа се смеела со што ја згрозила јавноста.

На сето тоа таа одговорила на Твитер: „Премногу се сакам себеси за да не го живеам најдобро животот“, со што само уште еднаш докажала дека ја интересираат само парите и ништо друго.
Инаку, извори за оваа атрактивна бринета велат дека се угледува на Ким Кардашијан, па исто така се труди да се однесува и како неа, а нејзиниот Инстаграм профил потсетува на неа.


