Сцената со физичката пресметка меѓу сестрите Ким и Кортни Кардашијан привлече најмногу внимание во новиот тизер за реалното шоу Keeping Up With The Kardashians. Меѓутоа, анонимен извор сега тврди дека таа сцена е лажирана за да се создаде драма во шоуто.
„Навистина не ексалираше во било што друго остввен во шоуто и Ким всушност не ја удри Кортни со рака. Се е преувеличено поради телевизијата и за да се креира драма“, рекол извор за The Sun.
„Тие всушност не се мразат и нивната мајка Крис никогаш не би дозволила да бидат навистина насилни. Понекогаш се расправаат бидејќи Кортни е љубоморна на успехот на Ким и вистина е дека Ким смета дека Кортни не му дава ‘тежина’ на ова шоу“, објаснува изворот.
Нетрпеливоста помеѓу сестрите првпат се појави на крајот на претходната сезона кога Кортни објави дека сака да се повлече од серијата и да му посвети повеќе време на нејзиното семејство.