Моментот кога Мајкл Кејн ја здогледал својата идна сопруга сигурно е како сцена од филм…
Љубовната приказна на легендата на британската и светска кинематографија, Мајкл Кејн, навистина започнала како во филм.
Пред 52 години актерот запознал една егзотична убавица во телевизиска реклама за кафе „Максвел Хауси“ која му го привлекла вниманието.
„Оваа жена е за мене, утре патувам во Бразил за да ја најдам“, раскажал Кејн.
Поради некаква причина, тој ја набљудувал како хипнотизиран, признал подоцна, а мистериозната убавица ги привлекувала неговите погледи како магнет – толку многу што дланките му се потеле.
Кејн потоа упорно ја повикувал да се видат, а таа уште поупорно го одбивала. Меѓутоа, тој не се откажал.
„Се заљубив во неа за околу 8 минути“, изјавил тој за „Radio Times“ во 2018 година додавајќи дека неа ѝ биле потребни околу два часа.
Кејн и 14 години помладата Шакира се венчале во 1973 година, а истата година ја добиле ќерката Наташа.
Актерот никогаш не криел колку сопругата му помогнала да се ослободи од пороците.
Тој некогаш пиел по шише вотка на ден и пушел неколку кутии цигари на ден, а Шакира го смирила и му помогнала да престане со лошите навики.
Вели дека таа му дала мотив да остане трезен и здрав.
„Таа е мојата десна рака, личност од доверба и сѐ и кажувам. Бев славен кога ја запознав, но не би стигнал толку далеку без неа“, нагласил актерот, па додал дека во својата долга актерска кариера често бил опкружен со згодни жени, но никогаш немал порив да ја изневери сопругата затоа што таа му била најубава жена на светот уште од првиот пат кога ја видел.
Шакира исто така му помогнала да го замени шеќерот и со здрави алтернативи, секогаш инсистирајќи дека Мајкл мора да победи и да биде покрај неа за заедно да ги гледаат внуците кои растат.
„Без неа одамна би бил мртов“, истакнал Кејн во едно интервју.