Русинката Валентина Сапрунова открила дека нејзиниот свршеник Виталиј Молчанов бил осуден психопат дури откако ги силувал и распарчил нејзините ќерки Јана (13) и Елена (8).
Разведената медицинска сестра го запознала пореметениот Виталиј пред шест месеци на Интернет, а на почетокот на август со своите деца од Сибир се преселила на самиот запад на Русија, во градот Рибинск во регионот Јарослав.
Меѓутоа, во вторникот вечерта, кога се вратила дома од работа, затекнала грозоморна глетка и сознанието дека човекот во кого се заљубила најпрво ги силувал, а потоа ги распарчувал нејзините малолетни ќерки со нож и дека ова не е првпат тој да изврши таков грозоморен злостор.
Имено, Молжанов бил пуштен во 2010. година откако издржал долга затворска казна за педофилија и убиство, но тој своето темно минато успешно го криел од неговата околина цели десет години.
Руските медиуми пишуваат дека Валентина дознала за неговите претходни злосторства дури кога полицијата ја прашала како можела да ги остави децата сами со сертификувано чудовиште. Им рекла дека го запознала Виталиј пред шест месеци на Интернет, дека сметала дека тој е „човекот на нејзиниот живот“, дека неодамна започнале да живеат заедно и дека немала поим дека тој бил претходно осуден за педофилија и убиство.
Жителите на зградата во Рибински каде што живеел Молжанов велат дека биле шокирани кога дознале дека нивниот сосед е осуден педофил и убиец и дека мислеле дека тој е скромен и вреден електричар.
“Секогаш се појавуваше учтиво во ходникот, изгледаше како добар и вреден човек. Работеше нешто со струја, мислам дека беше електричар. Ужасно е што им направил на тие девојчиња. Тој е ѕвер, треба да биде кастриран”, изјавил неговиот сосед за новинарите.
“Таа рече дека се преселила со своите ќерки од Сибир, дека поминала 2.500 километри за да живее со нејзиниот нов свршеник. Таа буквално ја изгуби свеста кога полицијата и објасни со кого се забавувала”, изјавил извор од истрагата за рускиот весник “Комсомолска правда”.
Валентина им открила на истражителите дека започнала расправија со Виталиј кога се вработила во болницата во Рибинска, бидејќи таа имала 24-часовна смена, па тој се грижел за децата дома. Тој честопати имал напади на лутина и љубомора, но таа сметала дека тоа е само фаза.
По бруталното злосторство, Молжанов избегал со бел велосипед во непознат правец, а руската полиција го одбележала неговото приведување како приоритет. Медиумите јавуваат дека повеќе од 100 полицајци работат на случајот и дека се очекува наскоро да биде фатен.