Јасмин Гроган се заљубила во бездомникот Макаули Мурки кога го видела пред супермаркет. Таа решила да му понуди пари, но тој одбил. Наместо тоа, тој се понудил да и помогне со торбата што ја носела, пишува Дејли Стар.
– Еден ден сретнав бездомник во супермаркет. Му понудив пари, но тој не сакаше да ги прифати. Отидов во супермаркет по намирници, но не можев да престанам да мислам на него. Излегов надвор и го прашав дали сепак можам да му помогнам, тој рече не. Ме праша дали ми треба помош за носење на торбите до таксито што ме чекаше, јас му реков да. Го прашав дали сака да му донесам нешто за јадење. Нему му беше непријатно, но рече да, па заедно излеговме на вечера – изјави Јасмин.
Тој тврди дека долго време разговарале за неговиот живот. Јасмин решила да му купи мобилен телефон за да можат да останат во контакт. Благодарна што Јасмин му покажала таква дарежливост, Макаули и напишал порака: „Ми го разубави денот, многу ти благодарам за се, неверојатна си. Не можам да престанам да мислам на тебе“. Таа одговорила: „Не мора да ми се заблагодариш, ниту јас не можам да те извадам од глава“. Тогаш Јасмин го прашала дали може да го однесе на ручек. По ручекот завршиле кај неа дома.
– Му донесов нова облека и му кажав дека може да преноќи, но на крајот остана далеку подолго од една ноќ. Веднаш се заљубивме. Знаев дека тој е вистинскиот човек за мене. Беше толку добар и фин – вели Јасмин.
Јасмин открила дека биле на неколку состаноци, а тој решил малку да поработи на својот изглед. Ја избричил брадата, добил нови заби и почнал да работи на нова работа.
„Оттогаш не се разделивме“, вели Јасмин. Тврдат дека се многу среќни, свршени и дека имаат две мали деца.
– Драго ми е што нашите патишта се вкрстија и веруваме дека се’ се случува со причина. Тој ми го направи животот многу подобар и не можам да го замислам животот без него, заклучила Јасмин.