Познатата белградска пиварница БИП, која е индустриски симбол на Белград и е во сопственост на познатиот македонски менаџер Светозар Јаневски, се затвора откако инстантно се поделени 150 откази изутринава, јави Б92.
БИП најверојатно ќе биде затворен многу брзо, беше потврдено и за Б92. Што ќе биде со другите работници се уште е неизвесно.
“Тука има тотален хаос, луѓето се отпуштени … не знаат што ќе се случува со другите, има состаноци и треба да се реши ова. Никој не знае што ќе биде”, рекле од безбедносните служби за телевизијата.
Иако сопственикот, македонски бизнисмен Светозар Јаневски го купи БИП кога беше во стечај во 2017 година, вети дека ќе ја реши ситуацијата, ова не се случи, велат тие. Тие наведоа дека оваа состојба трае две години.
“Македонецот вети дека ќе биде подобро кога ќе дојде, а сега тој едноставно замина … Ништо не е познато”, рекол соговорникот. „Наместо да го исполни ветувањето и да ја обнови фабриката, тој одеднаш ја напушти“.