Поранешниот ракометен репрезентативец Филип Лазаров е позитивен на Ковид-19, ова го тврдат медиумите од Германија кои јавуваат дека тој се заразил за време на авионскиот лет кон Германија. По пристигнувањето во Германија, се утврдило дека во авионот патувал патник позитивен на ковид-19. Лазаров се обидел да се тестира на аеродромот, но не му било дозволено. По неколку дена се јавил кај матичниот доктор и побарал тест, а истиот на крајот бил позитивен.
Иако е позитивен, Лазаров нема никакви симптоми, а неговите сопруга и син се негативни.
Инаку, левиот бек и член на германски Ратинген е прв случај на заразен со ковид-19 во клубот. Но, клубот се уште чека на нов резултат на своја адреса, затоа што се сомнева дека е грешка. Лазаров не е на подготовки со екипата, а сите членови на тимот се тестирани и се негативни.