Амируш Хамар (43) во француските медиуми се разоткри како потенцијален „нулти пациент“ во неговата родна земја и како прва личност која во Франција се заразила од коронавирусот и тоа уште во декември минатата година.
Тоа што е интересно е што овој човек никогаш претходно не патувал во Кина и тврди дека вирусот се појавил пред да се појави во Вухан.
Хамар одлучил да разговара со новинарите од телевизија „BFMTV“, откако една болница во Париз повторо ги тестирала брисевите кои што ги дал кон крајот на минатата година, кога мислел дека боледува од обичен грип.
Брисевите му биле земени на 27-ми декември, а кога ги повторил тестирањата, утврдено било дека е позитивен на Ковид-19.
Во разговор за BFMTV, Хамар открил дека почувстувал силни болки во градите, но објаснил дека лекарите му рекле дека неговата болест ја дијагностицирале како инфекција на белите дробови.
Иако експертите предупредуваат дека не би требало да се брза со заклуоците на темелите на неговите примероци, Светската здравствена организаија (СЗО) порачала дека појавата на раните случаи со зараза од коронавирус уште во периодот на минатата година, не се невообичаена појава.
Од СЗО исто така објасниле дека и другите држави да проверат дали кај нив имало случаи на зараза со коронавирус на крајот на 2019 година.
„Така ќе добиеме нова и појасна слика за ширењето на коронавирусот“, изјавиле од СЗО, а пишува „Дејли Мејл“.
Засега останува нејасно како Хамар се заразил, бидејќи не може да се воспостави директна врска меѓу него и некоја личност од Кина во која пандемијата почна минатата година.
Една од претпоставките е дека Французинот со алжирско потекло, се заразил преку неговата сопруга, која работи во супермаркет покрај парискиот аеродром „Шарл де Гол“, низ кои минуваат огромен број патници.
Освен тоа, лекарите кои го откриле случајот на Хамар, велат дека и неговата сопруга работела на пазар за риби со коелги од кинеско потекло.
„Сега настојуваме да дојдеме до заклучок дали таа била асимптоматски преносител на болеста“ – вели д-р Ив Коен од болницата каде што Хамар се лечел.
Хамар открил дека токму д-р Коен лично му се јавил пред неколку денови и му кажал дека “100 отсто бил позитивен на вирусот“.
Кон крајот на минатата година, Хамар имал висока телесна температура, сува кашлица и проблеми со дишните патишта, сите симптоми кои што се поврзуваат со Ковид-19. И тој самиот мислел дека станува збор за обичен грип, но сепак пошол во болница и добил маска за дишење.
„Во пет часот наутро појдов во болница и реков дека итно ми е потребен доктор да ме прегледа, бидејќи знаев дека нешто не е во ред. Имав силни болки во градите“ – изјавил Хамар.