Пејачката Северина Којиќ на Инстаграм објави дека е позитивна за коронавирус, додека нејзиниот син Александар добил негативен тест.
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен. Веднаш утрово, по контакт со епидемиолог, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето, а во договор со таткото го предадов два дена пред назначениот датум, да ја помине самоизолацијата со него, без оглед на негативниот тест“, напиша Северина и продолжи: „Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизација на детето, исто така го прашав и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена „откако сум се журкала по Далмација со детето“.
Северина откри и како се заразила и испрати апел.
„Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување затоа што нашиот прв тест беше негативен и за нас “, напиша Северина на Истаграм.