Жанг Џијан е докторката која прва го открила коронавирусот. Таа работи на одделението за респираторна и интензивна нега во болница во Вухан.
Жанг за медиумите опишува како се појавила прв пат оваа болест, како изгледале првите денови на епидемијата и како се проширила од овој град. Низ маска таа ја опишува и првата средба со смртоносната болест која однесе илјадници животи. Како што открива првите случаи биле постар маж и неговата сопруга.
На 26 декември, постар пар од околна општина ја посетил болницата во Хубеи за интегрирана Кинеска и Западна медицина. Симптомите на жената биле биле треска, кашлица и умор, кои наликувале на симптоми на грип или пневмонија, а нејзиниот сопруг дошол да се прегледа за умор, бидејќи се чувствувал снеможно, без енергија, вели директорката на одделот за респираторни и итни случаи. Бидејќи и двајцата се чувстувале болно, ги придружувал нивниот син.
Но, откако пристигнале резултатите од нивниот КТ-скен, 54-годишната докторка забележала детали кои се поразлични од грипот или пневмонијата и веднаш побарала КТ-скен и од нивниот син.
„На почетокот, нивниот син одбиваше да биде прегледан. Тој не покажуваше симптоми на дискомфорт, и сметаше дека го мамиме за да му украдеме пари“, вели Жанг.
Сепак, на нејзино инсистирање, Жанг успеала да го убеди синот и го натерала да биде прегледан. Потоа, докторката го добила доказот за кој се надевала дека ќе биде поинаков: белите дробови на синот ги имале истите абнормалности кои ги забележала на скенот од неговите родители.
„Беше невообичаено сите три члена од семејството да ја фатиле истата зараза во исто време, освен ако не станува збор за инфективна зараза“, вели Жанг во интервјуто за Синхуа.
Исто така, еден ден откако постариот пар се пријавил во болницата, на 27 декември во болницата дошол уште еден пациент кој исто така развил симтоми на кашлица и треска, а и неговиот КТ-скен од белите дробови изгледал исто како кај постариот пар.
Откако им земале крв, резултатите на четворицата пациенти индицирале вирусна инфекција. Жанг исто така ги упатила на серија тестови за инфлуенца (грип). Резулатите на сите четворица биле негативни.
Тогаш, таа напишала извештај до болницата, кој наскоро го доставила до централната област на ниво за контрола за заразни болести и превенција. „Во извештајот пишуваше дека сме откриле вирусна зараза, најверојатно инфективна“, вели докторката.
Откако извештајот пристигнал до властите, истиот ден наредиле епидемиолошка истрага. Тоа попладне, експерти од болницата Џинунтан во Вухан, која е дизајнирана за третирање на заразни болести, ја посетиле болницата и зеле шест од седумте пациенти.
Истиот ден, Жанг наредила на цел медицински персонал кој работи во одделот за респираторни и итни случаи да носат маски, мерка за претпазливост за која од крајот на декември 2019 до крајот на јануари 2020 се веруваше дека помага воопшто да не се заразат.