Возило на гостиварската Изборна комисија во кое се превезувал изборниот материјал од вчерашното гласање за предвремените парламентарни избори, се запалило во движење.
„Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило ‘форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во инцидентот нема повредени лица.