Авион кој летал на линијата Штутгарт-Приштина бил принуден да слета на аеродромот во Љубљана, Имено, за време на летот внатре во леталото избил пожар од кој пилотот на авионот се здобил со повреди но сеуште не се знае за колку тешки повреди станува збор.
Според информациите до кои дојде порталот „Газета Експрес“, авионот слетал безбедно на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден од патниците, кои се речиси сите од Косово.
Од приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ не даваат никакви изјави, бидејќи инцидентот не се случил кај нив.