Во последната епизода од шоуто „Американски идол“, која беше емитувана вчера, Кети Пери во жирито се појави во костим на сирена со цел да ја одбележи ноќта на Дизни, облечена како Ариел од Малата сирена. Но, пејачката имаше пех, односно, падна од столчето.
Видеото од падот на Пери брзо се рашири на социјалните мрежи, а во него може да се види како пејачката со стапалата, т.е. перките седи покрај колегите од жирито Лук Брајан и Лајонел Ричи – потпирајќи се на масата.
Додека водителот Рајан Сикрест се подготвувал да го најави настапот, се слушнал силен тресок надвор од екранот и камерите се префрлиле за да ја покажат Пери на грб со перките во воздухот.
Брајан, Ричи и Сикрест се собрале околу Пери за да ѝ помогнат да стане, додека пејачката разиграно им мавта на гледачите. Публиката во студиото го скандирала нејзиното име во знак на поддршка.
Пејачката подоцна се насмеала на инцидентот, споделувајќи видео од несреќата на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Со вртење на перките, нема да стигнеш предалеку“, напиша Пери во описот на снимката, користејќи стихови од песната „Part of Your World“ која е дел од филмот „The Little Mermaid“.