Жена без дозвола возела автобус на линијата Белград – Суботица. Што е уште посимтоматично, автобусот бил технички неисправен.
Полицијата во неделата го исклучила од сообраќај автобусот, а со него управувала Т.А. која немала положено Д категоријата неопходна за управување со автобуси.
Подоцна за вечерни.рс се огласила жената која се правдала дека колегата ја замолил да седне на шоферското седиште, но по 50 -тина метри се нашла полициската контрола.
“ Колегата имаше пролив и ме замоли да го превземам воланот. По 50-тина метри ме запра полициска контрола. Не знам зошто толку прав се крена, бидејќи јас за Д категорија ќе полагам на 24 март“, изјавила 31-годишната Т.А.
Инаку, се работи за катен автобус во кој се наоѓале шест патника.
По овој инцидент шоферот и жената добиле отказ.