Српската глумица Неда Арнериќ која вчера беше пронајдена мртва во својот дом во Белград, пред три месеци беше во Битола. Таа ланскиот 14 октомври присуствуваше на театарската престава на нејзиниот партнер од филмот “Исправи се Делфина“, македонскиот актер Диме Илиев. Тој на крајот на преставата излезе на сцената и и подари цвеќе.
Инаку, Неда и Диме пред 43 години играа во филмот “Исправи се Делфина”, а пред дружбата во Битола, последната средба помеѓу двата актери се случила пред 20 години.
(фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски)