СЕ ДРУЖЕЛА СО ЃОКОВИЌ, А ПРАВЕЛА ИНТЕРВЈУ И СО ЧОРИЌ: Со корона се зарази и позната спортска новинарка (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако Новак Ѓоковиќ шокираше со веста дека заедно со сопругата Јелена се позитивни на Ковид-19, хрватските медиуми објавија дека и спортската новинарка Мирна Зидариќ е заразена со коронавирусот.

Имено, за време на турнирот во Задар новинарката се дружела со Ѓоковиќ,  пред да објави Григор Димитров дека има позитивен тест на Ковид-19, по што таа и останатите се тестирале на вирусот.

Исто така Мирна за време на турнирот правела интервју и со хрватскиот тенисер Борно Чориќ кој исто така е позитивен на коронавирус.

Инаку, меѓу заразените се уште и Виктор Троицки, како и кондиционите тренери на Ѓоковиќ и Димитров.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com