Руската ТВ ѕвезда и сексуална терапевтка Ана Амбартумијан (26) е пронајдена мртва во соба во луксузниот хотел „Петар први“ во Москва. Tелото е пронајдено од вработените во хотелот, кои веднаш ги известиле надлежните органи. Како што пренесуваат западните медиуми, од хотелот со пет ѕвезди побегнал непознат маж.
Според полициските извештаи, несреќната девојка осум часа пред да биде пронајдена, била веќе мртва. Покрај нејзиното тело била пронајдена само Прада торбичка и црн фустан.
Инаку, Ана Амбартумијан е познат тв-психилог кој ги решаваше интимните проблеми на Русите, се дружеше само со богати, а како што се шпекулира, немала така „чист“ живот.
За популарноста на Ана говори и фактот дека нејзиниот профил на Инстаграм има 370.000 следбеници, а за себе тврдеше дека е видовита.
– Можам да кренам били кого од колена – зборувала таа, а тоа очигледно им се допаднало на богатите Руси, кои и поклонувале скапи работи, како два „бентли“ и „астон мартин“ автомобили.
Иако била мажена за богат човек, Ана била во големи долгови, открил нејзиниот адвокат. Неа постојано ја барале поради тие долгови.