Кети Пери и Миранда Кер негуваат добри пријателски односи. Поранешната сопруга на Орландо Блум и неговата сегашна вереница позираа заедно на гала настан во Лос Анџелес.
Миранда изгледаше прекрасно во бел фустан од Алекс Пери, додека Кети избра дводелна металик креација од Zimmerman.
За време на настанот, Пери одржа краток говор за да ѝ ја додели наградата „Excellence in the Arts“ на Миранда.