Министер за здравство, Венко Филипче на Фејсбук честиташе 8 март на женскиот персонал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, оддавајќи посебно признание за медицинската сестра Маја која денеска е дежурна, грижејќи се за пациентите со коронавирус.
„Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби давајќи грижа на пациентите со корона вирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!“ напиша Филипче на својот Фејсбук профил.