Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.
На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.
По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:
– Благодарам на сите на пораки. Ова беше несреќа и јас сум добро, одморам во хотел со ладни облоги. Се гледаме в недела на терен“, напиша Ѓоковиќ.
Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.