Познатата манекенка Жизел Бундшен пронајде ново момче, и тоа само 5 месеци по разводот од сопругот Том Брејди. Имено, странските медиуми пренесуваат дека новиот избраник на убавата Бразилка (42) е хотелскиот магнат и милијардер Џефри Софер (55). Наводно, тие во тајност се гледаат веќе неколку месеци.
Интересно е што 55-годишниот Софер бил пријател со поранешниот сопруг на Жизел, некогашната ѕвезда на НФЛ, Том Брејди. Тој на јавноста ѝ е познат и како поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон, а крај на бракот ставија во 2017 година, по 4 години љубов.
За потсетување, во неделите по разводот кружеа шпекулации дека славната 42-годишна Бразилка пронашла утеха во својот џиу-џицу тренер Хоаким Валенте. Тие беа заедно видени на Костарика како јаваат, но и на вечера со децата на Бундшен – Бенџамин (13) и Вивијан (10).
Извори на „Daily Mail“ сега тврдат дека човекот кој го заробил срцето на Жизел е токму Софер.
„Тие се гледаат веќе неколку месеци и во тајност се состануваат еднаш неделно“, изјавил изворот.
Овој хотелиер поседува мноштво луксузни недвижнини, вклучувајќи го и легендарниот хотел „Fontainebleau“ во Мајами, но и приватни авиони и суперјахти. Неговото богатство се проценува на 2,2 милијарди долари.
Инаку, Брејди и Софер се пријатели со години, а последен пат беа видени заедно во јануари оваа година.