Македонскиот актер, музичар и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, е во самоизолација. Тој во петокот се враќаше со авионот од Барселона во кој беше и девојката која на тестирањето беше позитивна на коронавирус.
Претходно Кирил на својот фејсбук-профил објави дека се враќа од Барселона со уште еден свој другар, и побара од своите фејсбук-следбеници совет како да постапи одговорно поради опасноста од евентуална зараза и ширење на вирусот КОВИД-19. Со оглед на тоа дека се враќа од земја во која е прогласен висок ризик од зараза, ги праша следбениците дали самиот треба да се пријави или ќе биде пречекан од надлежните.
– Здраво на сите. Јас и другар ми сме у Барселона убаво ни е да не не мислите. Утре се враќаме и не интересира дали некој медицински персонал во Македонија ќе не пресретне на аеродромот или да идеме директно у некој центар да не тестираат. И исто ме занима дали воопшто имаат НЕКОЈА МЕТОДА и на кој начин ќе не истестираат со оглед дека има 14 дена инкубација – праша Кирил.
Во меѓувреме е ставен во самоизолација и одлучи да ги информира своите пријатели како ги поминува деновите. Неговата објава на Фејсбук од првиот ден од самоизолацијата:
– Карантин – ден 1
Денес е првиот ден од самоизолација и се осеќам различно. Вчера вечерта дојдовме во село и не чуваат на спрат од ќуќа. Немам контакт со никој освен со другар ми кој е во другата соба. Сега за сега немам никакви симптоми. Во исчекување сум да добијам информации за девојката која се враќаше со нас од Барселона и ја задржаа на нашиот аеродром зошто не изгледаше добро… Секоја чест што си носеше маска на себе во случај да не зарази други лица. Подоцна дознав за кого се работи и знам дека живееше и студираше во Италија. Ако се потврди дека е позитивна се надевам ќе не контактираат и ќе не носат комплет цел екипаж со се пилотот и стјуардесата.