Поп пејачката Калиопи Букле и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил повторно се заедно. Наводно, тие живеат заедно во Белград, но “двојката“ сеуште не сака тоа да го сподели со јавноста. Калиопи последнава година повеќе е присутна во Белград, одржува концерти во Србија, а исто така и понатаму соработува со Ромео.
Инаку, Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живее во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“, а тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година. Еден период Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев.