Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа во нормала, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува „Ројтерс“.
Во Вухан, од каде што започна ширењето на новиот коронавирус, не се пријавуваат нови случаи веќе шести ден по ред, продавниците почнаа повторно да се отвораат и граѓаните почнаа да се враќаат во секојдневниот живот по два месеци карантин.
Во тој град повторно е отворен трговскиот центар „Вухан интернешнал Плаза“, во кој се наоѓаат продавници на луксузни брендови како „Картие“ , „Луј Витон“… а на влезот се почитуваат мерките на растојание од 1,5 метар и проверка на температурата.
Инаку, прелиминарната студија спроведена од научници од универзитетот во Пекинг и Институтот Пастер во Шангај, покажуваат дека постојат два вида на новиот коронавирус и дека поагресивниот тип отпаѓа на близу 70 отсто од видовите, додека 30 отсто го прават еден помалку агресивен.