Британската кралица Елизабета Втора се појави во јавноста за првпат по седум месеци. На своето прво јавно обраќање по 220 дена, таа го нарече коронавиросот „ужасен“.
Елизабета Втора во придружба на внукот, престолонаследникот Вилијам го посети Центарот за енергетски анализи во Портон Даун.
За време на нејзината посета на Центарот, британската кралица се состана со научниците кои работат на доверливо истражување, објави „Спутник“.
Повикувајќи се на извор од Бакингемската палата, „Скај њуз“ објави дека за време на посетата е побарана посебна препорака за мерка на претпазливост, истакнувајќи дека сите што се состанале со кралицата биле негативни за тестот за коронавирусот.
На новинарите не им било дозволено да им приоѓаат на посетителите и морале да носат заштитни маски.
Нутриционистите го коментираа нејзиниот изглед и проценија дека кралицата изгубила десетина килограми.
-Очигледно е дека кралицата изгубила многу тежина. Тешко е да се погоди колку, но би рекол дека станува збор за, да речеме, десет килограми. Зглобовите и нозете и се потенки од кога било, а палтото што го носеше порано ѝ беше многу потесно во пределот на рацете и стомакот отколку што е сега – пишуваат британските медиуми.
https://www.instagram.com/p/CGX9IhznlJ6/