Јелена Розга изјави дека има проблеми со срцето и тироидната жлезда.Со двата проблеми кои ги има хрватската пејачка се бори со години, но овојпат за прв пат за дијагнозата зборува јавно.
“Редовно примам терапија, здраво се хранам и здраво живеам. Некако се научив да живеам со ова, стана мое секојдневие. Јас првично мислев дека она што го чувствувам е од преголем замор, бидејќи многу работев. Кога за прв пат ми дијагностицираа тахикардија, мислев дека срцево ќе ми излета од градите и дека ќе се онесвестам. Се будев уморна, по 24 часа јас бев уморна. Почнав и нагло да ги губам килограмите.
Откако се консултирала со лекар и и била препишана терапија таа се чувства многу подобро. Сега вели по два часа без никаков проблем пее пред публиката, што пред да почне со лековите не било случај.
„Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика скоро два часа“, вели Розга.