Оскаровецот Џеф Бриџис откри дека има лимфом, но вели дека неговата прогноза е добра, пренесуваат медиумите.
Во еден твит повторувајќи го неговиот лик Д Дуд (Батката) во филмот „Големиот Лебовски“, Бриџис рече дека започнува со третмани, признавајќи дека станува збор за сериозна болест.
“ Благодарност на љубовта и поддршката што ја добивам од пријателите и семејството. Фала на молитвите, и кога веќе сте тука, одите да гласата“ – напиша глумецот.
Инаку, лимфомот е форма на рак кој влијае на лимфниот систем – дел од мрежата што се бори против микробите во организмот.
70-годишниот Бриџис е добитник на „Оскар“ за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Лудо срце“. Познат е и по улогите во филмовите „The Last Picture Show, The Contender“ и „Starman“, како и по култниот филм „Големиот Лебовски“ од 1998 година, во кој ја игра безделничар од Лос Анџелес.