Глумецот Мустафа Надаревиќ (77) веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а во разговор со „Аваз“ од Босна и Херцеговина откри дека во моментов се наоѓа во болница.
– Во болница сум, сега не би зборувал за ништо – рекол за „Аваз“ кратко Надаревиќ, кога новинарите го прашале дали на босанскохерцеговачката телевизија премиерно ќе се емитуваат новите продолженија на култната серија „Луд, збунет, нормален“.
Легендарниот актер во јануари обелодени дека му е дијагностицирана болеста – рак на белите дробови. На почетокот на август бил во својот дом во Загреб, кога изјавил за „Аваз“ дека се чувствува подобро.