Манекенката Кендал Џенер во едно интервју се обидела со својата интимна приказна да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје за време на овие тешки околности. Манекенката во многу отворен разговор признала дека се бори со анксиозност уште од раното детство и дека нападите на паника и станале дел од секојдневиоето со кое понекогаш многу тешко се носи. Она што најмногу и помогнало низ годините е целосната поддршка од мајка и, но и од целото семејство.
„Бев многу млада и се сеќавам на чувството како не можам да дишам, ми се врти во глава. Тогаш во паника трчав кај мајка ми и барав помош. Бев многу уплашена, бидејќи мислев дека сум болна. Мајка ми ме носеше кај сите можни лекари, кои констатираа дека физички кај мене се е во ред. Никој никогаш не ми кажа дека патам од анксиозност и напад на паника. Дури пред три години, кога нападите станаа страшни и чести, како да го стопираа мојот живот, ми објаснија од што патам и се ми стана јасно, рекла Кендал.
Инаку, Кендал и порано во неколку наврати изјавила дека се бори со ова пореметување кое и претствува проблем во кариерата, но прв пат јавно зборува за тежината на борбата која ја води уште од најраното детство.