Осумгодишниот Финли Даунер од Велика Британија, кој минатата недела беше на одмор на Бахамите, со семејството го посетил Компас Кеј, заштитено пристаниште во кое може да се плива со ајкули.
Но, забавата набрзо ја прекинала крик – додека бил во базенот, го нападнале најмалку три бебиња ајкули, а последиците биле страшни – осумгодишното дете останало со парчиња месо обесени на двете нозе .
Преплашеното момче го спасила неговата 12-годишна сестра, која го одвлекла на сигурно. Излетот со пливање во базенот со ајкули чинел 200 фунти по човек.
Нивниот татко, 44-годишниот Мајкл, резервирал луксузен одмор со своите три деца Финли, Лили (9) и Емили (12), а пакетот вклучувал патување на пет острови.
Даунер рекол дека децата виделе ајкули како пливаат во блиската лагуна покрај толпа луѓе, но не биле свесни дека туристите, пред да заминат, фрлаат кон нив остатоци од храна.
„Одеднаш слушнав преплашен крик и видов десетици ајкули како кружат околу Финли“, изјавил Даунер за The Sun.
„Имаше толку многу крв. Висеа парчиња од ногата. Мојот син можеше да биде мртов. Тоа беше како сцена од Jaws.
Откако медицинската сестра го извлекла од водата, момчето било пренесено во најблиската болница.
Семејството се вратило дома во Кетеринг откако таткото платил лет од 2.000 фунти за да го однесе Финли во Насау, главниот град на Бахамите, на тричасовна операција.
Тој вели дека е бесен затоа што туристичките водичи му рекле дека ајкулите се безбедни и покрај тоа што Финли сега мора да користи инвалидска количка додека раните на нозете му зараснуваат.
Сепак, операторот Exuma Escapes објавил дека семејството отишло без водич до лагуната која не била користена на нивната турнеја.
Нивната веб-страница наведува дека ајкулите во Компас Кеј „првично биле донесени како домашни миленици, но, откако се здобила со популарност, Компас Кеј се претворил во светилиште“.
„Ајкулите се мазни на допир додека пливаат и се тријат со вашите нозе. Имаат кафеава боја и обично не им пречи да бидат покрај други ајкули и луѓе.’
Инаку, ајкулата долга приближно еден и пол метар по правило не напаѓа, освен ако не е испровоцирана.