Свештенството од храмот ,,Свети Никола“ во Крушево објави неколку фотографии од безбедносната камера на кои се гледа едно лице како ја краде касата со парите донирани од верниците. Од храмот ,,Свети Никола“ во Крушево бараат помош од граѓаните да го пријават крадецот доколку го забележат некаде.
“Овој човек ја украде касата од црква ако некој го познава веднаш да пријави во полиција“ – пишува на Фејсбук страницата на храмот ,,Свети Никола“ во Крушево.