Белгиската тенисерка Кирстен Флипкенс откри дека во минатото имала љубовна авантура со Рафаел Надал.
На едно гостување во белгиска ТВ, 77-та тенисерка на светот раскажа за деновите кога често беше во друштво со големиот шампион од Мајорка.
„Исти години сме со Рафаел, растевме заедно. Дали имавме нешто? Па да, кога бевме по 14 години, имав нешто со Надал. Тој не зборуваше англиски тој период, така да не можевме да се разбереме, се држевме само за рака и разменивме неколку бакнежи“, порача 34 годишниот Флипкенс.
Инаку, Рафаел Надал пред неколку месеци ја запроси својата девојка Франциска, па долгата врска беше крунисана со брак.
https://www.instagram.com/p/Byn2OtfIkSi/?utm_source=ig_web_button_share_sheet