Обвинителката Фатиме Фетаи и в.д. директорката на „Театар Комедија“, Нора Шаќири вчера го искористија сончевото време за заеднички ручек во една позната скопска кафеана. Двете дами уживаа во вино, цигари, трилече и женски муабети.
Сликата од кафеаната ја објави Нора на нејзиниот Фејсбук профил, со порака дека тие две се и сестри и сродни душа.
“Сестри. Мојата душа“ напиша Нора.
Инаку, Нора Шаќири често изјавува дека со Фатиме Фетаи се како сестри и често уживаат во заедничките излегувања. А кога Нора пред една година го роди синот Ијан, Фатиме прва ја објави веста за раѓањето на бебето и се пофали дека станала тетка.