Реалити ѕвездата и поранешна сопруга на раперот Канје Вест, Ким Кардашијан и нејзината помлада сестра Клои направија серија провокативни фотографии во костими за капење на плажа.
Сестрите Кардашијан престојуваат во Кабо Сан Лукас, туристички град на јужниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, од каде 42-годишната Ким на социјалните мрежи ги објави секси фотографиите направени во друштво на 38-годишната Клои.
Ким блеска во црн дводелен костим за капење со триаголно боди, додека Клои се одлучи за кафеаво монокини. И двете имаат пуштена коса и очила за сонце.
„Преубави жени“, „Без зборови“, „Еве што прават гените“, се дел од коментарите од фановите на Кардашијан, кои не можеа да останат рамнодушни на новите фотографии на сестрите.