Нов скандал во семејството Бекам. Откако претходните денови постарата сестра на Дејвид Бекам, Лин Бекам Бригс (47) успеа да биде во фокусот на британската јавноста кога на својот Фејсбук профил започнала да продава половна детска облека, сега на ред дојде неговата помала сестра Џоан Бекам.
Имено, таа завршила во полиција по пријава за физичко насилство од страна на својот бивш дечко Крис Донели. Тие се испокарале, па Џоан го зела далечинското и го удрила по глава. Со голема модрица и подлив на окото Крис веднаш заминал во полицијската станица и ја пријавил.